сабота, 12 јули 2025

Ивановски со пресврт до победа во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со 2-1 (2-6, 6-1, 6-2) во сетови го совлада Србинот Душан Обрадовиќ и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски имаше лош старт на мечот, Македонецот го загуби првиот сет со 6-2, но потоа работите се променија.

Нашиот тенисер се крена, ги доби наредните два сета со убедливи 6-1 и 6-2 и го доби мечот со 2-1 во сетови.

Ивановски утре во четвртфиналето ќе игра против хрватскиот тенисер Вито Тонејц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ