вторник, 12 август 2025

Ивановски со победа ги почна квалификациите на челинџер турнирот во Сан Марино

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски со победа во првото квалификациско коло го стартуваше Челинџер 125 турнирот во Сан Марино, тој по голема борба во два сета го совлада Јозеф Ковалик од Словачка.

Објавено на

часот

Сподели

Двата сета се играа во тајбрејк, првиот Ивановски го доби со 7-5, а во вториот беше подобар со 7-4.

Утре за пласман на главниот турнир Ивановски ќе игра против домашниот тенисер Франческо Форти.

Челинџер турнирот во Сан Марино се игра за награден фонд од 181.250 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ