среда, 2 април 2025

Ивановски поразен во финалето во Опатија

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски не успеа да го освои турнирот во Опатија откако во финалната битка загуби од првиот носител, Хрватот Лука Микрут.

Објавено на

часот

Сподели

На патот до финалето Ивановски ги победи вториот и третиот носител, но не можеше и првиот.

Македонскиот тенисер го загуби мечот во два сета, Хрватот првиот сет го доби со 6-3, а во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на домаќинот со 7-4.

За Ивановски ова беше деветто финале, а има пет турнириски победи (Монастир, Ираклион, Мадрид – 2022 година, Скопје и Крамсах – 2024 година). Инаку, Ивановски во 2024 година поради повреда пропушти најголем дел од сезоната.

ИТФ фјучрсот во Опатија беше дел од 53.то издание на „Истарска ривијера“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ