понеделник, 15 декември 2025

Ивановски лесно го мина првото коло во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски победнички го стартуваше настапот на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, тој лесно во два сета го победи Фрејзлер Ренгифо од Колумбија.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски загуби само три гема, првиот сет го доби со 6-2, а во вториот беше уште поубедлив освојувајќи го со 6-1.

Во следното коло Македонецот ќе игра со победникот од дуелот меѓу Сирил Пилонел од Швајцарија и Ѓорѓе Спасиќ од Србија.

На турнирот во првото коло денеска беше елиминиран македонскиот тенисер Горазд Србљак, кој претходно имаше три победи во квалификациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ