сабота, 12 јули 2025

Ивановски ќе игра полуфинале во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-2) го победи Хрватот Вито Тонејџ и ќе игра во полуфиналето на турнирот во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот донесе голема борба и траеше речиси три часа во кои беа одигра 218 поени. Ивановски мечот го почна со брејк уште на стартот, но домашниот тенисер веднаш возврати. Одлучувачкиот момент се случи во деветтиот гем кога Калин уште еднаш го одземе сервисот на противникот, а потоа и го потврди за 1-0 во сетови.

Вториот сет беше најнеизвесен и донесе неколку пресвти за на крајот Тонејц да го добие тај-брејкот со 7-5 за израмнување во сетови.

Во третиот сет Ивановски направи два брејка и него изгуби сервисот, па така со 6-2 дојде до пласман во полуфиналето каде што ќе се соочи со босанскиот тенисер, Мирза Башиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ