петок, 11 јули 2025

Ивановски и Ѓорческа имаа успешен старт на турнирите

Калин Ивановски со победа од 2-0 го победи Норберт Гомбош од Словачка на турнирот во Ројан Франција, а Лина Ѓорческа со 2-1 во сетови славеше над Ралука Сербан од Кипар на турнирот во Загреб.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот на Ивановски траеше само 72 минути, тој загуби четири гема. Во првиот сет македонскиот тенисер беше подобар со 6-1, а во вториот со 6-3.

Во следното коло Ивановски ќе игра против петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија, (31 год., 253.место АТП), кој со 2-0 во сетови (63 76) го совлада Французинот Лука Пулен.

Лина имаше потешка задача, таа за да стигне до главниот турнир во Загреб играше прво квалифиакции кои успешно ги помина, а денеска забележа трумф и во првото коло.

Ѓорческа го доби првиот сет со 6-4, во вториот тенисерката од Кипат беше подобра со 6-3, па се играше трет решавачки сет.

Во него нашата тенисерка беше подобра со 6-4 за триумф од 2-1.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Селена Јаничијевиќ од Франција која е осма носителка на турнирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ