понеделник, 15 декември 2025

Ивановски го заврши настапот во Сан Марино

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во првото коло од челинџер турнирот кој се игра во Сан Марино откако по голема борба во 2-1 во сетови беше поразен од третиот носител, Италијанецот Матео Гиганте.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски добро го почна мечот, го доби првиот сет со тајбрејк со 10-8. Но во следните два беше поинаку, тие му прпаднаа на Гиганте со идентични 6-3 и 6-3.

Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени.

Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ