Откако замина од Сондерјиске, се шпекулираше дека за него има интерес од клубови од Србија, Данска, Унгарија и Норвешка, сепак негова следна дестинација е БиХ.
Николов стави потпис на договор со Радник Бјелина до крајот на сезоната.
Ова ќе биде негов втор предизвик во странство, а во домашното првенство играше за Академија Пандев, Вардар и Брегалница.
Беше член и на репрезентацијата на Македонија до 21 година во која собра 22 настапи, има еден и во сениорскиот тим.






