По краткото деби како резервист против Сараево, овојпат доби доверба од првата минута на пресметката со Крушево и возврати на најдобар можен начин. Николов постигна три гола и беше апсолутен херој на својот тим.
Николов погодуваше во 35, 54 и 91 минута за својот тим, откако се најде трипати на вистинското место и реализира во високата победа од 5-1.






