Италијанската легенда го презеде клубот пред стартот на сезоната, откако Филипо Инзаги го внесе тимот во елитата, па замина. Џилардино го прифати предизвикот и ја предводеше Пиза, меѓутоа не му одеше најдобро.
Оваа сезона во Серија А екипата на Пиза е меѓу најслабите, забележа само една победа, а има по 11 ремија и порази.
Поради тоа клубот се реши за промена, му врачи отказ на Џилардино, а на неговото место веројатно ќе дојде Марко Џампаоло.






