понеделник, 15 декември 2025

Италијанец распали по организацијата на ЕМОФ: Овие услови се опасни по живот

Организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) е мета на секојдневни критики, не се штедеше ниту Анџело Чито, претседателот на Италијанската таеквондо федерација.

Објавено на

часот

Сподели

Италија доминираше во таеквондо, освои три медали, но тоа не го ублажи впечатокот на Анџело Чита за лошата организација на настанот од страна на Македонскиот олимписки комитет.

„Младите ги заслужуваат сите пофалби за покажаната пожртвуваност, но ова што го доживеавме е апсолутно недозволиво. Настапуваа во услови кои не само што не беа достојни за спортисти, туку беа и опасни по нивното здравје. Распаѓање на објекти, хигиенски услови на раб на прифатливото, постојани прекини на натпреварите… И сето тоа при температури блиски до 50 степени, без можност за вентилација поради снемување на струја“, рече Чито.

„Не можам да сфатам како ваков срам може да помине без последици. Организаторите имаа задача да овозможат основни услови за спорт, а не да ги изложуваат младите на ризик. Ова е понижување за спортот. Очекуваме вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Некој мора да преземе одговорност и да гарантира дека на идни настани нема да се соочиме со ваков срам“.

Денеска е затворањето на ЕМОФ, големиот настан кој наместо да ја промовира Македонија ја откри нејзината реалност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ