недела, 7 декември 2025

Италија без Синер и Мусети го одбрани трофејот во Дејвис Купот

Италијанската тениска репрезентација третпат по ред го освои Дејвис Купот откако во финалето со 2-0 ја совлада Шпанија.

Објавено на

часот

Сподели

Трофејот е уште позначаен бидејќи е освен без нивните најдобри тенисери во моментов Јаник Синер и Лоренцо Мусети.

Матео Беретини со 2-0 го совлада Пабло Карено-Буста, беше 6-3 и 6-4 за Италијанецот. Флавио Коболи со 2-1 го победи Мунар, односно 1-6, 7-6 и 7-5.

Италијанците станаа првата селекција во новиот формат на Дејвис Купот која три пати по ред го освоила натпреварувањето.

Фото: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ