Младите пелистерци беа одлични во првото полувреме кое го добија со 18-12, но домашните ракометари на Динамо Букурешт се разбудија во вториот дел, го кренаа нивото и стигнаа до драматична завршница.
Во последните минути се играше гол за гол, на крајот Пелистер победи со 37-36.
Најефикасен во составот на Пелистер беше Алем Хаџиќ со 12 голови.
На фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите кој ќе се одигра во Келн на 14 и 15 јуни, покрај Пелистер ќе бидат и Барселона, Веспрем и данскиот ГОГ Гудме.