четврток, 10 април 2025
НЛБ

Историски трипл-дабл на Адетокумбо, Леброн и Дончиќ загубија важен натпревар (ВИДЕО)

Голдент Стејт забележа значајна победа од 116-123 на гостувањето кај ЛА Лејкерс, Јанис Адетокумбо со историски трипл-дабл го предводеше Милвоки до славје над Филаделфија од 113-126.

Објавено на

часот

Сподели

Во натпревар кој може да ја одреди конечната позиција на табелата во Западната конференција, Голден Стејт на гостински терен го совлада ЛА Лејкерс со 116-123.

Најефикасен на натпреварот беше Стеф Кари со 37 поени, од голема помош му беше Поџемски, кој реализираше 28 поени.

Во таборот на ЛА Лејкерс, прв играч беше Леброн Џејмс со 33 поени, Остин Ривс запиша 31 поен, додека пак Лука Дончиќ потфрли и мечот го заврши со скромни 19 поени, плус за прв пат по две години не реализираше шут за три поени.

Утрово страшен натпревар одигра Јанис Адетокумбо, кој со трипл-дабл го предводеше Милвоки до славје од 113-126 над Филаделфија.

Гркот натпреварот го заврши со 35 поени, 20 асистенции, 17 скокови и две украдени топки, никој претходно не забележал вакви бројки

Исто така, Јанис Адетокумбо стана само петтиот кошаркар со трипл-дабл учинок од 30+ поени, 15+ асистенции и 15+скокови, ова претходно го направија Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден.

НБА резултати:

Филаделфија – Милвоки 113-126
Вашингтон – Орландо 97-109
Бруклин – Минесота 90-105
Мајами – 108-110
Торонто – Портланд 103-112
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 116-123

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ