сабота, 14 март 2026

Историски подвиг: Антонели е најмлад освојувач на пол-позиција во Формула 1

Кими Антонели испиша историја во Формула 1, откако стана најмлад возач кој обезбедил пол-позиција на една трка.

Објавено на

часот

Сподели

Младиот Италијанец со 19 години и 201 ден беше најбрз на квалификациите за трката за Големата награда на Кина. Претходно рекордер беше Стебастијан Фетел кој првата пол-позиција ја освои во Монца на 21 година и 72 дена.

На патеката во Шангај возачот на Мерцедес имаше најбрзо време од 1:31,064, откако претходно имаше проблеми во спринт трката. Ова време на Антонели беше доволно за да го остави тимскиот колега Џорџ Расел на второто место. Поискусниот Британец имаше проблем на почетокот на главниот сегмент од квалификациите, па едвај стигна да одработи брз круг.

Зад најбрзите возачи на Мерцедес се пласираше дуото на Ферари, Луис Хамилтон ќе тргне трет, а Шарл Леклер од четвртото место. Зад нив следуваат Оскар Пиастри и Ландо Норис, па Пјер Гасли, Макс Верстапен, Исак Хаџар и Оливер Берман во топ десет.

Трката во Шангај е на програмата в недела во терминот од 08:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ