Ова за Наковски Вoлеј беше трето куп финале, а првпат го кренаа големиот трофеј.
Во денешното финалети тие двапати имаа негатива, но успеаа да се вратат и на крајот да го добијат решавачкиот сет и да дојдат до триумф.
Тренерот на Наковски, Александар Митев, ја чуваше репрезентативката Љиља Ковачевиќ, како џокер за финалето, а таа натпреварот го заврши како најкорисен играч на завршниот турнир. Заедно со Долдурова, Бојс, Пандева… тимски се изборија за решавачкиот петти сет, во кој знаеа точно што сакаат.
Јанта Волеј КВ не успеја во шестото куп финале во клупската историја да го освои вториот пехар и мораше да се задоволи со сребрен медал.