Бомба во НБА, ЛА Лејкерс добива нов сопственик во историска зделка, не само за кошарката, туку и за спортот воопшто.
Семејството Бас се согласило да го продаде мнозинскиот пакет акции на Марк Волтер во трансакција вредна околу 10 милијарди долари.
Џери Бас го купи Лос Анџелес Лејкерс во 1979 година за околу 67,5 милиони долари, како дел од договорот ги доби и ЛА Кингс од НХЛ како и историската арена Ингелвуд Форум, местото каде франшизата ја изгради својата легенда.
Со својата визија за бизнис, го трансформираше клубот и го претвори во тоа што е денес: франшиза со најголемо медиумско внимание во лигата и еден од највлијателните спортски брендови во светот. Тој ја модернизираше институцијата и ги направи „езерџиите“ многу повеќе од само кошаркарски тим.
Под водство на семејството Бас, ЛА Лејкерс освоија дури 11 шампионски титули во НБА, бројка со која не може да се пофали ниту еден друг тим во тој временски период.
Што се однесува до новиот сопственик, Марк Волтер е генерален извршен директор и основач на холдинг компанијата ТВГ Глобал.
Тој е малцински сопственик на ЛА Лејкерс од 2021, кога се стекна и со право да стане мнозински сопственик.
Марк Волтер е добро познат во светот на спортот, и е инволвиран во неколку други клубови, помеѓу бејзбол франшизата ЛА Доџерс, фудбалскиот клуб Челси, како и новиот формула 1 тим на Кадилак.
ФОТО: X/Los Angeles Lakers