Јокиќ го запиша 34. трипл-дабл оваа сезона, постигна 26 поени, имаше 16 скокови и 13 асистенции. Без разлика на последниот меч, тој регуларниот дел од сезоната ќе го заврши со трипл-дабл просек. Тој е првиот центар во историјата на НБА со таков учинок, а трет вкупно. Истото го направиле само уште Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.
Најефикасен во составот на Денвер на ноќешниот меч беше Ерон Гордон со 33 поени. Кај Мемфис, најдобар беше Дезмонд Бејн со 24 поени.
За да го задржи местото во плеј-офот, Денвер во последното коло ќе треба да го победи Хјустон на негов терен, во спротивно Нагетс ризикуваат да паднат на плеј-ин позиција.
Резултати:
Детроит – Милвоки 119-125
Индијана – Орландо 115-129
Филаделфија – Атланта 110-124
Бостон – Шарлот 130-94
Њујорк – Кливленд – 102-108
Чикаго – Вашингтон 119-89
Њу Орлеанс – Мајами 104-153
Далас – Торонто 124-102
Денвер – Мемфис 117-109
Минесота – Бруклин 117-91
Јута – Оклахома 111-145
Феникс – Сан Антонио 117-98
Портланд – Голден Стејт 86-103
Сакраменто – ЛА Клиперс 100-101
ЛА Лејкерс – Хјустон 140-109