Популарните „тандерс“ се на чекор до освојување на шампионската титула, прва откако франшизата премина од Сиетл во Оклахома.
Утрово, момците на Мајк Дејно славеа со 120-109 и поведоа со 3-2 во финалната серија на НБА.
Најзаслужни за победата се Џејлен Вилијамс со 40 поени и Шеј Гилџес Александер со 31 поен.
Доколку во предвид се земат и нивните асистенции, тие придонесоа за дури 103 поени, односно 85,8% од поените на Оклахома.
Според ЕПСН, ниту едно доу немало ваква партија во финалната серија на НБА во последните 50 години.
Не се памети ваков допринос ниту на легендарни двојки како Меџик Џонсон и Карим Абдул Џабар од ЛА Лејкерс, Лери Брд и Кевин МекХејл од Бостон Селтикс, Мајкл Џордан и Скоти Пиптен од Чикаго Булс, Карл Мелоун и Џон Стоктон од Јута Џес, Шекил Онил и Коби Брајант од ЛА Лејкерс, ниту пак од Стев Кари и Клеј Томсон со Голден Стејт Вориорс.
ФОТО: X/OKC THUNDER