недела, 22 март 2026

Историска ноќ за Леброн, девета победа по ред за Лејкерс (ВИДЕО)

Леброн Џејмс испиша историја во НБА откако на мечот против Орландо стана кошаркарот со најмногу одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Со настапот на овој меч, ѕвездата на ЛА Лејкерс стигна до 1.612 одиграни натпревари и го надмина рекордот на легендарниот Роберт Периш, кој речиси три децении беше сопственик на врвот со 1.611 настапи. На историската вечер, Џејмс придонесе со 12 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки. Леброн веќе поседува голем број рекорди во НБА, а меѓу ретките кои сè уште не се во негова сопственост е оној за најмногу победи во кариерата. На врвот на таа листа и натаму е Карим-Абдул Џабар со 1.074 триумфи, додека Џејмс се наоѓа на второто место со 1.041 победа.

Што се однесува до натпреварот Лејкерс победи со 105-104, а најефикасен и овојпат беше Лука Дончиќ кој постигна 33 поени, Ривс реализираше 26. Најдобар кај Орландо беше Банкеро со 16.

Мечот имаше луда завршница, го реши Лук Кенард со тројка во последната секунда.

Резултати:

Вашингтон – Оклахома 111-132
Шарлот – Мемфис 124-101
Њу Орлеанс – Кливленд 106-111
Орландо – ЛА Лејкерс 104-105
Атланта – Голден стејт 126-110
Хјустон – Мајами 123-122
Сан Антонио – Индијана 134-119
Далас – ЛА Клиперс 131-138
Јута – Филаделфија 116-126
Феникс – Милвоки 105-108

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ