среда, 25 март 2026

Историја во Хафјел: Микаела Шифрин шести пат го освои Светскиот куп

Валери Грение славеше на последниот велеслалом во сезоната во Хафјел, но главното внимание го привлече Микаела Шифрин која го освои Големиот кристален глобус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американката заврши на 11. место, но тоа беше доволно да ја задржи лидерската позиција во генералниот пласман со 1410 бода, пред Ема Ајхер која има 1323.

Со тоа, Шифрин по шести пат во кариерата стигна до овој трофеј и се израмни со легендарната Анамарија Мозер Прел.

Победата во трката ја обезбеди Грение со време 2:16.79, пред Мина Фурст Холтман и Јулија Шајб. Шајб претходно го обезбеди и Малиот кристален глобус во велеслалом, додека новата сезона во Светскиот куп стартува на 24 октомври во Зелден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ