Босанскиот тим како поискусен влезе како фаворит во пресметката со Јанта Волеј, но одбојкарките на македонскиот шампион одиграа фантастично во двата натпревари и заслужено се радуваат на голем успех.
Денешниот меч го почнаа одлично, го добија првиот сет со 26-24 и му покажаа мускули на Гацко, босанките одговорија во следните два сета добивајќи ги со 25-21 и 25-19 со што направија пресврт и поведоа со 2-1.
Но, нашите одбојкарки не се предадоа, четвртиот сет го добија со убедливи 25-18, а петтиот решавачки со 15-13 и славјето можеше да почне.
Последна пречка за влез во Лигата на шампионите ќе им биде францускиот тим Ла Кане.






