среда, 28 јануари 2026

Исланд преку Словенија си обезбеди полуфинално место на ЕП

Репрезентацијата на Исланд е вториот полуфиналист на Европското првенство, откако славеше во дербито против Словенија (31-39).

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Урош Зорман со скратена ротација имаа сили да парираат само едно полувреме. Исланѓаните во вториот дел стигнаа до висока победа, иако претходно беше релативно израмнето.

Со оваа победа Исланд стигна до седмиот бод, па е сигурен патник во полуфиналето. Од оваа група во пол-позиција е Хрватска која со позитивен резултат против Унгарија ќе се избори за втората полуфинална „виза“, а Швеѓаните мора да ја победат Швајцарија и да дочекаат кикс.

Во групата 1 селекцијата на Португалија ја победи Шпанија (27-35) и така остана во игра за третото место во групата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ