Натпреварот се одигра пред полните трибини на „Јиске Банк Боксен“ Арената во Хернинг, а домашната публика имаше повеќе причина за радост.
Првото полувреме понуди поголема борба, а Данците по триесет минути водеа со 14-13. Сепак, отпорот на Исланѓаните почна да попушта во продолжението. Расположениот домаќин изгради предност и на крајот стигна до победата.
Матиас Гидсел со седум гола и шест асистенции беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај Исланд се истакна Јанус Смарасон кој даде осум погодоци.
Данска брка прво злато по 2012 и турнирот во Србија, а оттогаш играше две финалиња и ги загуби.
Во мечот за трофејот в недела од 18:00 часот Данците ќе играат со Германија, додека претходно во 15:15 за бронзата ќе се борат Исланд и Хрватска.






