вторник, 31 март 2026

Ирска е подобра во меѓусебните дуели, но имаа кошмарни ноќи поради нас (ВИДЕО)

Македонија и Ирска имаат шест меѓусебни дуели, Ирците победија на четири, но двата на кои не успеаа да слават беа кобни за нив, поради нас не отидоа на големите натпреварувања.

Објавено на

часот

Сподели

Ја спречивме Ирска да оди на Светското првенство 1998 година и Европското во 2000 година.

На 2 април 1997 година Македонија ја победи Ирска во Скопје со 3-2, тоа е нашиот единствен триумф над Ирците. Двапати погоди Митко Стојковски од пенал, а еднаш стрелаше Ѓорги Христов, тоа беше прекрасен гол.

Овој пораз на Ирците директно не беше клучен за нивен пласман на Светско, но ги извади од колосек и допринесе за лоши квалификации кои ги завршија во баражот. Тогаш носеа портокалови дресови, кои по поразот ги пензионираа, решија веќе никогаш да не играат во таква боја. И ден денеска пишуваат за тој загубен меч.

Две години подоцна, на 9 октомври 1999 година, одигравме 1-1 во Скопје со Ирска. Тогаш директно ги оштетивме. Тие со победа ќе се пласираа на Европско првенство како првопласирана селекција во групата. Водеа со 1-0, но Горан Ставревски постигна гол со глава во судиското продолжение за 1-1 и ја расплака Ирска. Тие мораа својата среќа подоцна да ја бараат преку бараж, но во него загубија од Турција.

Останатите меѓусебни дуели со Ирците ги загубивме.

Меѓусебни дуели:

09.10.1996 Ирска – Македонија 3-0
02.04.1997 Македонија – Ирска 3-2
09.06.1999 Ирска – Македонија 1-0
09.10.1999 Македонија – Ирска 1-1
26.03.2011 Ирска – Македонија 2-1
04.06.2011 Македонија – Ирска 0-2

Мечевите кои ги загубивме:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ