среда, 11 март 2026

Иранците открија дека нема да играат на СП, кој ќе ги замени?

Фудбалската репрезентација на Иран реши да не настапи на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Објавено на

часот

Сподели

Иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали ја соопшти оваа одлука, откривајќи дека не постојат услови да се настапи на фудбалскиот турнир по воената криза.

По убиството на нашиот лидер од страна на корумпираната влада, повеќе не постојат услови кои би ни овозможиле да учествуваме на Светското првенство. Со оглед на бруталните акции насочени против Иран – две војни ни беа наметнати во период од осум или девет месеци, што доведе до смрт на илјадници наши сограѓани – јасно е дека не сакаме да настапиме на Мундијалот во вакви околности“, заклучи Доњамали.

Иран требаше да се натпреварува во групата Г со селекциите на Белгија, Египет и Нов Зеланд. Сепак, до повлекување дојде по отворениот воен фронт меѓу Иранците и САД, но и соседите на Блискиот Исток.

Правилата на ФИФА велат дека ако една селекција се повлече од Светското првенство, на нејзино место може да се најде друга репрезентација, ама да биде од истата конфедерација. Потенцијални кандидати за замена се Ирак или Обединетите Арапски Емирати, меѓутоа одлуката е на ФИФА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ