петок, 13 март 2026

Иран му одговори на Трамп: Никој не може да нѐ исфрли од Мундијалот

Иранската фудбалска федерација излезе со реакција по повод изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека за Иран подобро е да не доаѓа на Светското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД е еден од домаќиите на Мундијалот, а во моментов тие заедно со Израел водат војна против Иран кој треба да учествува на првенството.

Има гласини дека Иран нема да игра на првенството по нивна одлука, а и Трмап рече дека подобро за нив е да не доаѓаат во САД од безбедносни причини.

Сепак, од Фудбалската федерација на Иран велат дека ако некој не треба да игра на СП тоа е токму селекцијата на САД.

„Светското првенство е меѓународен настан кој е управуван од ФИФА, а не од поединец или држава. Иранската репрезентација беше една од првите кои се пласираа на турнирот благодарение на серија важни победи на храбрите синови на Иран. Никој не може да ја исклучи иранската репрезентација од Светското првенсто. Единствена земја која би можела да биде исклучена е таа што е домаќин, а не може да гарантира безбедност на учесниците“, стои во реакцијата на Иран.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ