Еден од најпознатите ирански репрезентативци, Сердар Азмун, повеќе не е дел од националниот тим, откако надлежните донеле одлука да го отстранат поради потег кој бил оценет како недозволив во актуелниот контекст.
Станува збор за фотографија која повторно излезе во јавноста, на која Азмун се поздравува со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, првиот човек на Обединетите Арапски Емирати. Иако сликата е направена во минатото, пред ескалацијата на конфликтите во регионот, таа предизвика бурни реакции во Иран. Во услови на сериозни политички и воени тензии меѓу двете земји, ваквиот гест бил протолкуван како чин спротивен на националните интереси. Токму затоа, и покрај неговото значење за тимот, напаѓачот бил отстранет од репрезентацијата.
Оваа одлука значи дека Иран ќе остане без еден од своите најважни играчи во пресрет на Светското првенство на кое уште не се знае дали ќе настапи.






