среда, 4 февруари 2026

Интер сериозно казнет поради „лудоста“ на еден навивач, полицијата објави снимка од моментот во Кремона (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Интер доби забрана за присуство на навивачи на гостинските натпревари, која ќе трае до 23 март.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Забраната доаѓа поради последната средба во Кремона против Кремонезе кога полски навивач фрли пиротехника на теренот и падна веднаш до голманот Емил Аудеро. За среќа тој мина без повреди, а навивачот беше уапсен и си направи сериозен проблем.

Поради овој потег од Серија А одлучија Интер да биде казнет, а за нивна среќа санкцијата нема да важи за гостинското дерби против Милан на 8 март бидејќи нема патување. Фановите нема да можат да ги следат играчите на гостинските средби против Сасуоло, Лече и Фиоренитна.

Инаку, полицијата објави и видео од моментот кога полскиот навивач фрла пиротехника на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ