сабота, 6 декември 2025

Интер не дозволи ново изненадување, го совлада Лацио и се врати на врвот на табелата (ВИДЕО)

Интер го Лацио, со головите на Лаутаро Мартинез и Бони славеше со 2-0 и стигна до три бода со кои скокна на врвот на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 11. коло во Серија А, Интер на „Џузепе Меаца“ триумираше против Лацио.

„Бјанкочелестите“ минатата сезона славеа со 1-2 во Милано и ги сопнаа „нероаѕурите“ во трката за титулата, но момците на Киву сега не дозволија ново изненадување.

Лаутаро Мартинез прецизно погоди во аголот по само три минути игра за 1-0, а Димарко одлично го послужи Бони за 2-0 во 62. минута.

Голот на Зелински во 66. минута беше поништен поради играње со рака, а гостите во финишот од мечот преку Гила ја затресоа пречката, топката потоа се одби на гол линијата, но не ја помина со цел обем и резултатот остана непроменет.

За Интер ова беше трета победа во низа во Серија А, односно 11-та победа на последните 12 натпревари во сите натпреварувања.

ФОТО: X/Inter

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ