вторник, 9 декември 2025

Интер Мајами објави детали за повредата на Меси

Лео Меси во 11. минута го напушти мечот против Некакса и ги загрижи неговите фанови и навивачите на Интер Мајами, клубот сега излезе со детали за повредата.

Објавено на

часот

Сподели

Интер Мајами има згуснат распоред, па Меси е повеќе од важен во овој период, но одредено време тимот ќе треба да игра без него.

„Врз Меси беа направени медицински тестови за да се утврди повредата на мускулот на кој почувствува непријатност за време на мечот од Лига купот против Некакса. Резултатите потврдија мала мускулна повреда на десната нога. Неговото враќање ќе зависи од неговиот клинички напредок и одговорот на третманот“, се вели во соопштението на Интер Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ