„Нероаѕурите“ оваа сезона редовно губат на дерби натпреварите, па така беше и вечерва и покрај тоа што за противник го имаа Ливерпул, кој минува низ тешка криза.
„Црвените“ победија со 0-1 на „Џузепе Меаца“, голот го постигна Собослаи во финишот од мечот откако беше досуден сомнителен пенал.
Бастони го повлече Вирц за дрес во ситуација кога Германецот не можеше да стигне до топката, во прв момент не беше досудено ништо, но со помош на ВАР, судијата покажа на белата точка а Собослаи не погреши.
На останатите натпревари од 21 часот, Барселона со пресврт во вториот дел победи со 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт, Жил Кунде постигна два гола во период од три минути.
Аталанта исто така со пресврт во второто полувреме славеше со 2-1 над Челси, додека пак Атлетико Мадрид и Марсеј стигнаа до гостински победи од 2-3 против ПСВ, односно Ројал Унион СЖ.
Тотнем со 3-0 ја имаше најсигурната победа вечерва, додека пак Монако со минимални 1-0 триумфираше над Галатасарај.
ФОТО: EPA






