Авторите на иницијативата посочуваат дека фудбалот на Балканот отсекогаш бил многу повеќе од игра, симбол на емоции, припадност и традиција која со децении ги обединува народите во регионот. Балканските земји дале огромен придонес во европскиот и светскиот фудбал, создавајќи врвни индивидуалци, препознатливи клубови и навивачка сцена која важи за една од најгласните и најстрастните.
Во петицијата се истакнува и инфраструктурниот напредок во последните години, со изградба и реконструкција на современи стадиони, како и можноста едно вакво големо натпреварување да донесе значителен економски бенефит, развој на туризмот и позитивен општествен импакт за целиот регион.
Како земји кои би можеле заеднички да ја реализираат организацијата се наведуваат Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Хрватска, а петицијата е јавно достапна за сите кои сакаат да ја поддржат оваа иницијатива на ОВОЈ ЛИНК.






