вторник, 10 јуни 2025

Индијана за шест минути се врати од -17 и направи брејк во Њујорк (ВИДЕО)

Во натпревар во кој се играше и едно продолжение Индијана го победи Њујорк на негов терен со 138-135, домаќините може да жалат за пропуштеното бидејќи имаат големо водство.

Објавено на

часот

Сподели

Индијана поведе со 1-0 во финалната серија на истокот и тоа со брејк, го победи Њујорк пред неговите навивачи.

На нешто повеќе од шест минути до крајот Њујорк имаше предност од 111-94 и во тие мигови никој не веруваше дека мечот може да има поинаков исход од победа на домаќините, но тоа се случи.

Индијана полека почна да ја топи предноста на Њујорк, а до продолжение дојде благодарение на еден неверојатен кош на Халибартон, топката влезе и со многу среќа.

Во продолжението Индијана беше подобра и на крајот славеше со 138-135.

Халибартон беше најефикасен во составот на Индијана со 35 поени, имаше и 12 скокови, за Њујорк Брансон постигна 43 поени, а Таунс 35.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ