понеделник, 9 јуни 2025

Индијана вторпат по ред го победи Њујорк на негов терен (ВИДЕО)

Амбициозниот Њујорк е пред елиминација откако ги загуби и двата воведни меча од серијата со Индијана која ја почна на домашен терен, ноќеска Пејсерс славеа со 114-109.

Објавено на

часот

Сподели

Индијана веќе води со 2-0 во финалната серија на Истокот, а наредните два натпревари ќе ги игра на свој терен.

За разлика од првиот меч кој Индијана го доби и со доза на среќа, овојпат победата беше поубедлива, без голема драма во финишот.

Сиакам имаше фантастична партија постигнувајќи 39 поени, Халибартон не беше многу поентерски расположен, но малку му фалеше за трипл-дабл, имаше 14 поени, 11 асистенции и осум скока, во составот на Њујорк Брансон даде 36 поени, имаше и 11 асистенции.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ