Оклахома ноќеска ја имаше првата меч топка, со победа ќе станеше шампион, но Индијана одигра најдобро кога беше најпотребно и дојде до победа за израмнување на 3-3 во финалната серија.
Гостите добро го почнаа мечот, имаа водство од 10-2 на стартот, но потоа Индијана стапи на сцена, брзо ја анулираше негативата и дојде до водство кое не го пушти до самиот крај.
Најголемата предност домаќините ја имаа во воведните минути од последниот период кога поведоа со 93-62, веќе беше јасно кој ќе биде победник, па се опуштија. Конечниот резултат беше 108-91.
Најефикасен во победничкиот тим беше Топин со 20 поени, Нембард постигна 17, Сиакам реализираше 16, а имаше и 13 скокови. Најдобар кај Оклахома беше Шеј Александер со 21 поен.
Мајсторката која ќе го даде новиот НБА шампион ќе се игра на теренот на Оклахома.
Фото: X/Pacers