понеделник, 15 декември 2025

Инциденти по мечот Охрид – Пелистер, приведен е Дејан Манасков

По вчерашниот дерби натпревар од ракометното првенство меѓу Охрид и Пелистер се случиле инциденти по кои е приведен ракометарот на битолскиот тим и поранешен македонски репрезентативец Дејан Манасков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Охрид го надигра и убедливо го понижи актуелниот шампион на Македонија, конечниот резултат беше 29-25, но охриѓани водеа и со девет голови разлика. Таквиот пораз беше тешко прифатлив за гостите од Битола, па по крајот на мечот се случуваа нереди.

Дејан Манасков го нападна помошникот тренер на Охрид, Крсте Андоновски. Полицијата информираше дека ракометарот бил приведен.

„На 14 декември 2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Инцидент имало и меѓу ракометарот на Пелистер, Радивојевиќ и тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ.

Битолчани ја скршиле и вратата од соблекувалната, а инциденти имало и на улиците во Охрид, кога навивачката група „Чкембари“ нападнала неколку охриѓани во центарот на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ