недела, 13 април 2025

Инцидент во боксот и меѓусебни обвинувања, Ферстапен се радува на прва победа сезонава (ВИДЕО)

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен стигна до првата победа оваа сезона откако триумфираше во Сузука пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен

Објавено на

часот

Сподели

ГН на Јапонија за жал не донесе возбуда за љубителите на мотоспортот, на патеката имаше малку акција, барем кај оние водечките болиди.

Најинтересен момент беше инцидентот во боксот помеѓу водечките Макс Ферстапен и Ландо Носи, кога на излегување, се најдоа еден до друг а возачот на Мекларен заврши во тревата.

Двајцата меѓусебно се обвинуваа, Ландо Норис се жалеше дека бил истуркан, додека пак Макс Ферстапен велеше дека ривалот сам излетал. Практично на сите им беше јасно дека Холанѓанецот нема да дозволи да биде претекнат на ваков начин и ќе ја брани позицијата, па и стјуардите веднаш пресекоа дека нема потреба за казни.

По ова возбудување, не се случуваше ништо на патеката, Макс Ферстапен одлично ги менаџираше гумите и ги држеше противниците на безбедна дистанца од нешто над 1 секунда.

Никој не направи грешка, па Холанѓанецот прв ја мина целта за прва победа оваа сезона, додека Ландо Норис и Оскар Пјастри мораа да се задоволат само со второто и третото место на пиедесталот, во викенд кога се чини дека беа подобри од конкурентите.

Во бодови денес уште завршија и Шарл Леклер, Џорџ Расел, Кими Антонели, Луис Хамилтон, Исак Хаџар, Алекс Албон и Оливер Берман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ