сабота, 5 јули 2025

Инцидент по крајот на мечот, тепачка меѓу фудбалерите на Интер и Ривер (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Интер и Ривер Плата изобилуваше со тензија која кулминираше по последниот судиски свиреж кога се случи сериозен инцидент.

Објавено на

часот

Сподели

Интер го доби мечот со 2-0, а тоа значеше елиминација на Ривер Плата од Светското клупско првенство.

Тензија имаше за време на мечот, двајца фудбалери на Ривер беа исклучени, а ситуацијата зовре по крајот.

Играчот на Ривер, Маркос Акуња се стрча да го брка Дензел Думфрис од Интер, интервенираше Киву, други играчи и обезбедувањето, па не се случи поголем инцидент.

Во бркотницата кон тунел, фудбалерите на Интер беа гаѓани со предмети од навивачи на Ривер кои очигледно тешко го прифатија поразот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ