Актуелниот договор на Роналдо со саудискиот клуб истекува по крајот на оваа сезона.
Роналдо има две цели, едната е да дојде до бројката од 1.000 голови, а другата да настапи за Португалија на Светското првенство 2026 година.
За да ги оствари тие цели му требаат натпревари, а тоа ќе му го овозможи Ал Наср со новиот договор.
Наскоро се очекува и официјализирање на соработката.