понеделник, 15 декември 2025

ИМ Емил Ристески победи на меѓународен турнир во Австрија

Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор (ИМ), Емил Ристески победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот репрезентативец и член на ШК Алкалоид со триумфален биланс од шест победи и три реми изби сам на првото место на табелата од овој меѓународен турнир, освојувајќи 7,5 поени од 9 партии.

Ристески оствари две победи против директните конкуренти за првото место, ИМ Лукас Лајш (2.417) и ВМ Гералд Хертнек(2.440), кои што по ваквиот расплет се најдоа на делба на второто место со 7 поени.

Со овој извонреден резултат Емил освои и нови 16 рејтинг поени, откако на турнирот влезе со 2.374 поени.

„Од самиот почеток бев во добра форма и го одиграв целиот турнир без притисок, што на крајот се покажа како клучно за добар резултат. На турнирот отпатував со цел да го освојам првото место, па кога го победив интернационалниот мајстор Лукас Лајш, кој во тој момент имаше 5 поени од 5 партии, а јас половина поен помалку, почувствував дека навистина имам сериозни шанси за триумф. Генерално, нивото на мојата игра беше високо и навистина сум задоволен и од начинот на кој одиграв, и секако од резултатот“, изјави Ристески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ