четврток, 11 декември 2025

Илиевски: Разочаран сум од синдромот на самоуништување

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски се пожали дека некој на Романците им дал видеоанализи од мечевите во Гевгелија кои беа од затворен карактер.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во борбен и неизвесен меч против Романија потклекна во финишот и загуби со 80-72. По натпреварот селекторот меѓу другото откри дека за време на подготвителните мечеви во Гевгелија, некој им дал видео материјал на Романците, а тоа им помогнало во анализата.

„Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, он потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви, мечот се сврте во корист на гостите.

Можеби некој ќе праша зошто земавме брзи шутеви, но тоа беа отворени шутеви и јас секогаш ќе барам од кошаркарски аспект тие шутеви да се земаат, ќе им дадам поддршка на моите играчи.

Примивме 25 поени од ‘втора шанса’, што е премногу. Знаевме дека тој физички аспект ќе биде главен проблем, но не успеавме да ги запреме Романците.

Реков дека ќе не краси брза игра, имавме добри реализации од контранапад, но за жал тоа не беше доволно. Наше е да сработиме, да се види сето она што ќе го сработиме и сето она што за жал морам да го кажам е патетично – разочаран сум од синдромот на самоуништување.

Првите два меча во Гевгелија беа од затворен карактер, настојувавме да ги сочуваме видео-анализите, но Романците стигнаа подготвени за сите наши напади, што е разочарувачки за мене како македонски селектор.

Она што е проблем е ако овие играчи се важни во нашата репрезентација, а повторно имаат епизодна улога во своите клубови како и досега“ – истакна Илиевски на прес-конференцијата по натпреварот во Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ