среда, 10 декември 2025
Селекторот на Македонија верува во свите избраници

Илиевски испрати порака до клубовите: Овие момци се борци и работници, треба да играат повеќе

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски им порача на клубовите дека треба да им дадат поголема минутажа на играчите кои покажале квалитет во националниот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во среда ја пречекува Унгарија во последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство.

„Црвено-жолтите“ ги загубија првите три меча, па оваа пресметка нема никакво резултатско значење кога е во прашање мундијалот во Катар, но затоа пак целта ќе биде остварување на првата победа.

„Најавеното на првиот наш прес беше тоа, да градиме тим за иднината. Меѓутоа мора да земеме еден факт кој е поразителен и ме загрижува, тоа е за ноемврискиот прозорец, е што се запознаваме овој месец, сите овие играчи не играат во едно високо натпреварување, или клубовите не играат меѓународни натпреварувања, па играчите немаат одредена улога во тимовите. Може да се случи она што не краси како енергија сега, да го продолжиме понатаму. Играчите кои се овде покажаа одредени квалитети, мислам дека требаа да имаат простор да добијат шанса во своите клубови, па така и клубовите да добијат од нив, но и ние како репрезентација, затоа што овие играчи не се штедат воопшто и се големи борци и работници“ – вели селекторот Марјан Илиевски.

Тој потоа додава дека е потребно време за работите да се постават на едно повисоко ниво од постоечкото.

„Треба да земеме предвид дека се што минавме во еден временски период, беше во доста краток за сите ние кои сме дел од оваа репрезентација. Она кое што го мислевме уште првиот ден е дека играчите кои одговорија на нашиот повик, тренираат максимално коректно и го даваат својот максимум“.

„Во разговорот кој го имавме со нив во текот на целиот тој тренажен процес е малата минутажа која ја имаат во клубовите за да може да дадат повисок квалитет“.

„Забележително е од самиот почеток до сега е дека има одреден напредок, она кое јас го напоменав претходно е дека ќе не краси таа тимска енергија. Таа енергија е производ на она што е создадено како хемија во изминатиот краток период“.

„Квалитетот кој не го поседуваме во напад е нешто што во клучните моменти ни одредува мечот да „оди“ кај поискусната екипа, Тоа беше случај на претходните два меча со Романија. Ние работиме на самодовербата кај играчите, за да не допира до нив цел оној наш менталитет како јавност. Сето она кое тие го добиваат со разговор и тренажен процес, е работа за да добијат самодоверба која и тоа како им е потребна“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ