Во Премиерлигата веќе е јасно кој ќе биде шампион и кој ќе испадне, но во последните пет кола ќе се води жестока битка за местата во Лигата на шампиони, каде 5 екипи конкурираат за три места.
Синоќа, во директна битка, Манчестер Сити со 2-1 ја совлада Астон Вила и стигна до важни три бода.
„Граѓаните“ победија со гол во 94. минута, а Гвардиола полуде од радост и славеше како да освоиле трофеј.
Pure emotion 🩵
🫡 @PepTeam pic.twitter.com/PbIfedwd2w
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
Херој на натпреварот беше Матеуш Нунеш, засилување од 60 милиони евра кое принудно игра како десен бек.
Incredible. pic.twitter.com/6IWLKHSuck
— Manchester City (@ManCity) April 22, 2025
Португалецот е фудбалер од средниот ред но не ги задоволува стандардите на Пеп Гвардиола за оваа позиција, тренерот на Манчестер Сити неодамна изјави дека Матеуш Нунеш не е доволно паметен за да игра на средината од теренот но има сила да трча и да се бори како десен бек.