четврток, 5 јуни 2025

Играч на Нотингем форест е во индуцирана кома по операција на стомакот

Нигерискиот репрезентативец од редовите на Нотингем Форест, Таиво Авонији е опериран и ставен во индуцирана кома откако на мечот против Лестер во неделата доживеа силен судар со стативата.

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот се обиде да искористи еден центаршут на Еланга, но беше во полн трк и не успеа да се запре по што заврши во стативата. Авонији бил опериран веднаш по натпреварот и задржан е в болница поради сериозни повреди на абдоменот.

Интересно е тоа што тој не се повлече, туку по судирот остана на теренот и покрај тоа што не делуваше добро на теренот. Во игра влезе на седум минути пред крајот, на местото на Сангаре и не е исклучено тоа да му биде последен натпревар за оваа сезона.

Поради ситуацијата со Авонији, по мечот дојде до жесток судир меѓу газдата на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис и менаџерот Нуно Еспирито Санто. Грчкиот милијардер го обвини Еспирито Санто и неговиот стручен штаб дека не донеле правилна одлука, туку требало веднаш да го испратат Авонији на прегледи со цел да не дојде до посериозни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ