Според пишувањата на „Спорт1“, Мрме е еден од кандидатите за нов тренер на Партизан кој наскоро се очекува да се раздели со Ненад Стојаковиќ.
Ангеловски има одлични односи со Предраг Мијатовиќ и токму тие може да бидат пресудни за Македонецот да седне на жешкото столче на црно-белите.
Партизан не блеска оваа сезона, па во идниот период се очекува Стојаковиќ да добие отказ. Дали тоа ќе се случи брзо, ќе зависи од исходот на „вечното дерби“ кое е на програмата наредниот викенд.
Мрме со Македонија играше на Европско првенство, но по тој ангажман не му цветаа рози на клупски план.






