Авантурата на Лео Меси на Светското клупско првенство заврши вчера, неговиот Интер Мајами не беше достоен противник за ПСЖ, „светците“ го прегазија ривалот и славеа со убедливи 4-0.
„Пораз на Меси? Не, не, не зборувајте за овој пораз како да е негова вина! Меси не изгуби, Интер Мајами изгуби! Дали сте го погледнале тимот? Лео Меси за соиграчи има статуи! Доколку беше во прав тим, во Париз, во Манчестер, или во било кој друг голем клуб, ќе го видовте правиот лав“ – вели Златан Ибрахимовиќ.
„Меси игра само поради тоа што го сака фудбалот, бидејќи и понатаму може да го прави она што 99% од фудбалерите не можат да го прават! Но е опколен од играчи кои трчаат како да носат вреќи цемент! Нема ѕвезди, ниту пак играчи кои разбираат како треба да се движат без топка! И сакате да го обвините Меси?“
„Ако игра со Роналдо, со Мбапе, со Халанд или со Златан… е тогаш може да зборувате! Но денеска? Не, не, не. Ова не е Меси кој јас го знам, ова е само еден дух кој игра во циркус! Но бидете внимателни, доколку му дадете вистински тим, повторно ќе го запали стадионот! Бидејќи, прилично едноставно, Меси се уште е Меси. Но ова не е негов пораз, ова е пораз на Интер Мајами, пораз на фудбалот“.
ФОТО: X/Inter Miami