вторник, 13 јануари 2026

И 42 поени на Дончиќ не беа доволни за победа, трет пораз по ред на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи низата на загубени мечеви во НБА, веќе трет пораз по ред, овојпат на гостувањето кај Сакраменто со 112-124.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 42 поени, имаше осум асистенции и седум скокови, но тоа не беше доволно за да се совлада Сакраменто.

Де Роузен во составот на Сакраменто беше најдобриот со 32 поени, Монк реализираше 26. Во составот на Лејкерс, после Дончиќ статистички беше Леброн Џејмс со 22 поени.

Резултати:

Кливленд – Јута 112-123
Индијана – Бостон 98-96
Торонто – Филаделфија 102-115
Далас – Бруклин 113-105
Сакраменто – ЛА Лејкерс 124-112
ЛА Клиперс – Шарлот 117-109

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ