Покрај тоа, двете селекции патуваа по четири ипол часа од Малме до Хернинг со автобус. Уште полоша е ситуацијата на Хрватска, бидејќи таа е единствената селекција која што не е сместена во Хернинг. Тие се во Силкеборг и имаат околу 40 километри до салата.
За сето тоа сериозни критики испрати селекторот Дагур Сигурдсон кој ЕХФ ја нарече компанија за брза храна.
„Само што стигнавме морав да дојдам тука. Смешно е што сме во близина за да бидам дел од овој циркуз. Морав да патувам 35 минути во еден правец. Нема да имаме ниту состанок, а ниту тренинг. Ова е доказ дека ЕХФ воопшто не се грижи за играчите. Тие се како компанија за брза храна – не се грижат за квалитетот, само за продажба. Прават добро шоу, убави конференции, а никому не му е гајле што моравме да се возиме речиси пет часа до тука. Имаме два дена помалку од некои репрезентации тука. Сите кои играат било каков спорт знаат дека тоа е огромен проблем. Во 22 часа ги игравме шестиот и седмиот меч на ова ЕП. Следното утро нè ставија во автобус како смрзнато пилешко и се возевме со часови дотука. Ова е апсолутна срамота. Зборуваме за полуфинале на Европско првенство, апсолутно е шокантно“, изјави Исланѓанецот.
Хрватска во полуфиналето игра против Германија в петок во терминот од 17:45 часот, додека второто полуфинале е закажано во 20:30 меѓу домаќинот Данска и Исланд.






