понеделник, 8 декември 2025

Хрватска се пласираше на Светското првенство (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска ги совлада Фарски Острови со 3-1 и со тоа и официјално го обезбеди пласманот на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот не почна идеално за Хрватите, со гол на Тури во 16. минута Фарски Острови поведоа со 1-0.

Но, тој резултат беше актуелен седум минути, тогаш Гвардиол реализираше за 1-1. Со таков скор се замина на одморот.

Во 57. минута Муса погоди за комплетен пресврт и водство на Хрватска од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Влашиќ во 70. минута.

Пласман на Светското првенство може да слави и Холандија која одигра 1-1 на гостувањето кај Полска.

Полјаците поведоа со гол на Камински во 43. минута, а Депај по две минути игра во вториот дел израмни на 1-1.

Холандија не е теоретски пласирана, но реално е невозможно да падне на втората позиција.

Во другите денешни натпревари Германија со 2-0 победи кај Луксембург, Словачка со 1-0 славеше над Северна Ирска, Црна Гора со 2-1 дојде до гостински триумф кај Гибралтар, Малта направи изненадување победувајќи ја Финска на нејзин терен со 1-0.

Видео од головите на мечот меѓу Хрватска и Фарски Острови може да видите на овој ЛИНК.

Фото: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ